Ѓоковиќ го пропушта Индијан Велс
Новак Ѓоковиќ по поразите на Олимписките игри во Токио и финалето на УС Опен, се чини ја нема потребната самодоверба, пишуваат медиумите од Србија.
Најдобриот тенисер на светот, реши да не настапи на турнирот во Виена, сега „виси“ и настапот на Мастерсот од серијата 1000 во Индијан Велс.
Ѓоковиќ е пријавен за настап на овој Мастерс, но се чини дека и тој ќе го пресконе, не тренира, и не сака нов пораз на вака важен турнир.
Во опција за Ѓоковиќ до крајот на годината за нови бодови и победи остануваат турнирите во Париз, завршниот Мастерс во Торино и Дејвис Купот.