Ѓоковиќ добил понудал да намести тениски меч
Аргентинскиот тенисер Марко Трунхелити, пред четири години на
јавноста ѝ откри дека му биле понудени пари за местење мечеви,
поради што се нашол на удар. Аргентинецот моментно е 236 тенисер
во светот,а за „Ла Насион“ откри дека и Новак Ѓоковиќ му кажал како
и нему му било понудено да мести мечеви, на што српскиот ас
никогаш не се согласил.
Во тенисот, за жал, местењето мечеви не е толку редок случај, што
беше предупредено од Трунхелити во 2019 година, кој одби 100.000
долари по наместен меч. После тоа ја остави кариерата на страна, а
сега повторно се врати на терените. Требаше да се пофали за чесноста
и одлуката да ја зачува честа, но го критикуваа и коментираа дека е
„кодош“ затоа што соработувал и бил сведок на местење мечеви. Тоа
го повреди Аргентинецот бидејќи знаеше дека направил добра работа, а подоцна дозна дека слична ситуација имал и најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.
„Многу ме повреди. Она за што зборував испадна вистина. Ѓоковиќ
изјави дека му било понудено да намести меч. Подоцна излезе и
Сергеј Стаховски, кој ме нарече „кодош“, и нему му беше понудено.
АТП, Единицата за интегритет на тенисот и ИТФ, едно „боцкање“ по
друго. Сите овие организации беа под нивото. Се сретнав со Новак на
„УС Опен“ и му се заблагодарив за тоа што го прави за играчите.
Зборував и со Поспишил: тој отиде на неколку состаноци и ми кажа
дека е повреден неколку месеци, дека почнал да размислува. Тоа што
го прави еден дечко кој беше во топ 30 е многу попочитуван од тоа
што го прави Федерер, кој го напушти тенисот и се врати само со
Лејвер купот“, рече Трунхелити.