Ѓоковиќ добил понудал да намести тениски меч
Аргентинскиот тенисер Марко Трунхелити, пред четири години на јавноста ѝ откри дека му биле понудени пари за местење мечеви, поради што се нашол на удар. Аргентинецот моментно е 236 тенисер во светот,а за „Ла Насион“ откри дека и Новак Ѓоковиќ му кажал како и нему му било понудено да мести мечеви, на што српскиот ас никогаш не се согласил.
Во тенисот, за жал, местењето мечеви не е толку редок случај, што беше предупредено од Трунхелити во 2019 година, кој одби 100.000 долари по наместен меч. После тоа ја остави кариерата на страна, а сега повторно се врати на терените. Требаше да се пофали за чесноста и одлуката да ја зачува честа, но го критикуваа и коментираа дека е „кодош“ затоа што соработувал и бил сведок на местење мечеви. Тоа го повреди Аргентинецот бидејќи знаеше дека направил добра работа, а подоцна дозна дека слична ситуација имал и најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.
„Многу ме повреди. Она за што зборував испадна вистина. Ѓоковиќ изјави дека му било понудено да намести меч. Подоцна излезе и Сергеј Стаховски, кој ме нарече „кодош“, и нему му беше понудено. АТП, Единицата за интегритет на тенисот и ИТФ, едно „боцкање“ по друго. Сите овие организации беа под нивото. Се сретнав со Новак на „УС Опен“ и му се заблагодарив за тоа што го прави за играчите. Зборував и со Поспишил: тој отиде на неколку состаноци и ми кажа дека е повреден неколку месеци, дека почнал да размислува. Тоа што го прави еден дечко кој беше во топ 30 е многу попочитуван од тоа што го прави Федерер, кој го напушти тенисот и се врати само со Лејвер купот“, рече Трунхелити.