Ѓоковиќ доби дозвола за настап на Австралија Опен

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе може да настапи на Отвореното првенство на Австралија во 2023-та откако Федерална влада дала зелено светло.
Србинот кој во почетокот на годинава беше депортиран од „земјата на кенгурите“ поради прекршување на правилата за заштита од Ковид-19, сега ќе може без проблем да отпатува на петтиот континент.
Веста беше потврдена од угледниот – „Хералд Сан“.