Ѓоковиќ елиминиран на стартот на турнирот во Доха

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е елиминиран на стартот од турнирот во Доха.

Ѓоковиќ успеа да се опорави од повредата на бутниот мускул поради која се предаде на полуфиналниот меч на Австралија опен, но во Катар беше далеку под вообичаеното ниво.

Тоа го искористи Италијанецот Матео Беретини кој победи со 2:0, во сетови 7-6/4, 6-2.

Натпреварот траеше час и 35 минути игра.

Противник на поранешниот финалист на Вимблдон во следната рунда ќе биде Холанѓанецот Талон Грикспор.