Ѓоковиќ е повторно светски тенисер број еден
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денес и официјално е повторно прв светски тенисер на АТП листата.
Тој на првото место се врати за прв пат од јуни минатата година, откако во неделата го освои својот десетти трофеј на Австралија опен, совладувајќи го во финалето Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови.
Ѓоковиќ сега е на врвот од табелата со 7.070 бода, односно има 340 бода предност пред второпласираниот Карлос Алкараз од Шпанија, додека трет е Циципас со 6.195 бодови.