Ѓоковиќ загуби и во двојки, Вердаско ја заврши кариерата

Новак Ѓоковиќ и Фернандо Вердаско го завршија учеството во двојки на турнирот во Доха. Овој меч беше последен во кариерата на Вердаско.
Подобри од српско-шпанската комбинација беа Хари Хеливар и Хенри Патен, инаку втори носители и актуелни шампиони на Австралија опен. Ѓоковиќ и Вердаско загубија со 2-0 (7-5, 6-4).
Вообичаено Ѓоковиќ е во центарот на вниманието на тениските мечеви, но овојпат не беше така. Ова беше збогување на Вердаско со професионалниот тенис.
Во првиот сет Ѓоковиќ и Вердаско немаа многу шанси, ниту една брејк топка. Хелиовара и Патен одиграа многу искусно и во 11. гем ја искористија четвртата брејк топка за водство од 1:0.
Тие веднаш направија брејк во вториот сет, а Ѓоковиќ и Вердаско не успеаја да ги искористат единствените брејк топки кои ги имаа во шестиот и осмиот гем.
На крајот по 81 минута турнирот заврши за Ѓоковиќ и во двојки, а кариерата заврши за Фернандо Вердаско.