Ѓоковиќ заработил најмногу пари во тенискиот свет во 2023 година
Новак Ѓоковиќ има заработено најголема сума на пари во светот на тенисот во оваа 2023 година.
Според информациите кои ги објави „Еуроспорт“, Ѓоковиќ во досегашниот тек на оваа календарска година има „грабнато“ 38,4 милиони долари. Тоа се пари од турнири и спонзори со што е далеку пред колегите, но и пред колешките.
Втората позиција е резервирана за големиот шпански талент, Карлос Алкарас чија што сметка е побогата за 31,4 милиони долари.
На третото место е најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со 22.4 милиони долари, а во првата петка се уште Данил Медведев (20,1 милиони долари), но и Рафаел Надал (15,5 милиони долари) иако тој не е активен од Австралија Опен.
Во Топ 10 се Ема Радукану (15,3), Коко Гоф (15,2), Каспер Руд (14,4), Наоми Осака (12,1) и Џесика Пегула (10,9).