Ѓоковиќ: Засекогаш ќе го паметам овај Лејвер куп
Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ истакна дека е благодарен на единствената прилика одново да биде на теренот со своите најголеми ривали, Шпанецот Рафаел Надал, Швајцарецот Роџер Федерер и Британецот Енди Мареј, и дека поради тоа засекогаш ќе го памети Лејвер купот во Лондон.
На овај турнир Роџер Федерер ќе го одигра својот последен натпревар во професионалната кариера. Тој ќе настапува во дубл со Рафаел Надал против Американците Џек Сок и Френсис Тиафо.
Големата четворка на светскиот тенис која ќе настапува за „Тимот на Европа“, вкупно има освоено 66 грен слем трофеи. Надал има 22, Ѓоковиќ 21, Федерер 20, а Мареј три грен слем титули.