Ѓоковиќ и Кирјиос поразени во двојки на турнирот во Бризбејн

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјиос го завршијас војот настап во игра на двојки на турнирот во Бризбејн. Во спектакуларен меч дуото НН загуби од Мајкл Венус (Нов Зеланд) и Никола Мектиќ (Хрватска) со 2-6, 6-3, 8-10.

Првиот сет го обележа доминантна игра на Хрватот и Новозеланѓанецот, кои ги искористија грешките на ривалите. По изедначениот старт Мектиќ и Венус го брејкнаа сервисот на Кирјиос и го добија сетот со 6-2.

Во вториот сет Ѓоковиќ и Кирјиос го подигнаа нивото на игра и направија пресврт. Брејк на сервис на Венус им донесе водство, а со сигурни сервиси го добија сетот со резултат 6-3.

Решавачкиот супертај брејк донесе драма. Ѓоковиќ и Кирјиос водеа со 7-4 и 8-6, но Мектиќ и Венус направија пресврт и го добија мечот.

Мектиќ и Венус одиграа сериозно и сконцентрирано, а Ѓоковиќ и Кирјиос приредија вистинско шоу, дури и танцуваа, со што ја подигнаа атмосферата во публиката.