Ѓоковиќ: Кога ќе загубам, не сакам да гледам тенис неколку дена

Една од темите на интервјуто на Новак Ѓоковиќ со познатиот британски новинар Пирс Морган беше неговиот став кон Карлос Алкараз и Јаник Синер.

„Како се чувствувате сега кога, по толку години, младите лавови ве победуваат?“, го праша Морган најдобриот тенисер на сите времиња.

„Знаев дека тоа ќе се случи еден ден. Во секој спорт доаѓа време кога се појавува нова генерација и почнува да доминира. Природна еволуција. Синер и Алкараз се одлични за тенисот, нивните соперништва, нивните натпревари… Финалето на Ролан Гарос оваа година беше едно од најепските досега. Беше неверојатно да се гледа. Кога ме прашаа на Вимблдон дали го гледав, реков дека не сакав, бидејќи загубив во полуфиналето од Јаник. Кога ќе завршам турнир, не сакам веднаш да гледам тенис. Барем неколку дена. Освен ако мојот син не сака да игра, тоа е друга приказна“, рече Ѓоковиќ и дополни.

На крајот морашл да гледа.

„Но, мојот син и сопруга, а до одреден степен и мојата ќерка, го сакаат тенисот. Тие ги гледаат финалињата, Гренд слем турнирите. Тој ден се обидов да ги изнесам надвор, да ручаме, да прошетаме. Не сакаа директно да ми кажат, но всушност сакаа да останат и да го гледаат мечот. Реков: „Добро, може да гледате еден сет“. Планирав да заминам на два часа, мислев дека ќе заврши. Но, траеше повеќе од пет часа. На крајот се вративме и ги гледавме последните два часа“