Ѓоковиќ лесно во втората недела на Ролан Гарос
Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос победувајќи го Хуан Пабло Вариљас во три сета. Ѓоковиќ го доби мечот фуриозно со 3:0 во сетови, односно 6-3, 6-2, 6-2.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој во четири сета беше подобар од Лоренцо Сонего.
Ѓоковиќ не остави ништо на случајноста во мечот против Хуан Пабло Вариљас со кого играше за првпат во кариерата. Мечот траеше само 119 минути, а првиот сет го одбележаа двата брзи брејка на Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ продолжи во ист ритам и во следните два сета, но уште поубедливо – на ривалот му дозволи по само два гема и заслужено продолжува понатаму. Српскиот тенисер по седумнаесетти пат во кариерата ќе игра четвртфинале на терените на Роланд Гарос, со што стана рекордер и според овој податок.