Ѓоковиќ на една недела до апсолутниот рекорд на Штефи Граф

Новак Ѓоковиќ денес ја започна својата 376-та недела на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ продолжи да го зголемува сопствениот рекорд во машкиот тенис по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис.

Тој се врати на првото место пред две недели, откако ја освои десеттата титула на Австралија опен и во исто време стигна до својот 22. Грен слем трофеј.

Новак следниот понеделник ќе го израмни апсолутниот рекорд по број на недели на првото место, кој го држи поранешната германска тенисерка Штефи Граф со 377 недели на чело на ВТА листата. Јасно е и дека Србинот за две недели ќе стане апсолутен рекордер, бидејќи нема шанси некој да го престигне. На првото место Новак има 7070 бодови што е за 340 повеќе од младиот Шпанец Карлос Алкараз кој ќе игра на АТП турнирот во Буенос Аирес. Тој турнир е од серијата 250, па и да го освои, првото место на Новак нема да биде загрозено.