Ѓоковиќ нема да игра на ниту еден турнир до Вимблдон

Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирите пред „Вимблдон“ подоцна овој месец. По поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос, Ѓоковиќ мина неколку дена во Белград и моментално е во Црна Гора, објави „Спорт клуб“.

Таму лидерот во машката светска ранг листа ќе помине дел од подготовките за Отвореното првенство на Британија, а потоа ќе отпатува директно во Лондон.

„Веројатно нема да игра никаде пред „Вимблдон“. Ќе видиме, но сега е време да се опоравиме главно психички. Претходно доживеа разочарувања. Знам дека ќе биде подготвен за сезоната на трева“, изјави неодамна тренерот Горан Иванишевиќ.

Третиот Гренд слем турнир во годината започнува на 27 јуни.