Ѓоковиќ: Ова е мојата нова реалност

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ по шокантната елиминација во Рим од младиот Хрват Дино Призмиќ, отворено проговори за физичките проблеми со кои сè почесто се соочува.
Српскиот ас призна дека веќе подолго време не успева да мине подготовки без повреди или здравствени тегоби и истакна дека тоа е „нова реалност“ во оваа фаза од кариерата.
„Секогаш има нешто. Тоа е некоја нова реалност со која морам да се носам“, изјави Ѓоковиќ, признавајќи дека ситуацијата е фрустрирачка, но дека сам решил да продолжи да се натпреварува и покрај проблемите.
Иако го доби првиот сет, Ѓоковиќ потоа падна во играта, а Прижмиќ направи голем пресврт за една од најголемите победи во кариерата. Со поразот, Србинот ќе биде четврти носител на Френч Опен, што може да му донесе тежок ждреб и ран дуел со Јаник Синер.