Ѓоковиќ откри скандал: Ме отруја во хотел во Мелбурн

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ даде интервју за магазинот GQ каде е на насловната страница на февруарското издание.

Во големото интервју, Ѓоковиќ изјави шокантно тврдење, објави Телеграф.

Имено, кога пред две години беше задржан во хотел за имигранти, а подоцна и депортиран,

„Ѓоковиќ имал здравствени проблеми, а сега изјави и дека се отрул од храна во тој хотел.Кога дојдов дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен од храна во тој хотел во Мелбурн! Ова никому не го кажав јавно, но кога се вратив во Србија, открив високо ниво на тешки метали во себе. Имав високо ниво на олово и жива во себе“, изјави Ѓоковиќ за GQ.

За потсетување, австралиските власти не му дозволија на Новак Ѓоковиќ да влезе во земјата, иако имаше соодветна документација и сѐ што е потребно. Причината беше тоа што тој не ја примил вакцината против коронавирус, а всушност беше вклучен во политичките игри на локалните лидери, кои одлучија да го направат Новак свое „жртвено јагне“.

Тој беше третиран скандалозно, помина неколку дена во притвор, имаше две судења и цело време престојуваше во озлогласениот хотел за имигранти, каде што не можеа ниту да се отворат прозорците, а имигрантите таму се жалеа дека храната е полна со црви. .

Новак на крајот и дефинитивно беше депортиран од Австралија по второто судење, откако локалниот министер за имиграција одлучи да ја поништи одлуката на судот што докажа дека Ѓоковиќ бил во право и дека има право да се натпреварува на Австралија Опен.