Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на турнирот во Дубаи
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во јануари остана без тенис по фијаското со добивањето виза за влез и настап на Австралија опен, но сега во јавноста протече кога ќе се врати на терените.
Тој се пријави на АТП турнирот во Дубаи, каде пет пати ја освојувал титулата, беше објавено на социјалните мрежи.
Ноле од 14 до 26 февруари ќе предводи девет од најдобрите 20 играчи. Србинот лани не играше на турнирот, а последен пат го освои пред две години.
Меѓу другите ќе ги видиме и Андреј Рубљев, Феликс Оже-Алијасим, Јаник Синер, Хуберт Хургач, Денис Шаповалов, Роберто Баутиста Агут, Гаел Монфис.