Ѓоковиќ по шест години се враќа во Мајами

Српскиот тениер Новак Ѓоковиќ, потврди дека ќе настапи на Мастерс 1000 турнирот во Мајами, каде што не играше во последните шест години.

Пред настапот на Флорида, каде најдобрите тенисери од 18. до 30. март ќе се борат за трофејот, остатокот од тениската елита, вклучувајќи го и Ѓоковиќ, ќе игра на АТП мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс, кој е на програмата од 5. до 16. март.

Последен пат Ѓоковиќ играше во Мајами во 2019 година, кога беше поразен во осминафиналето од Шпанецот Баутиста Агут.

Последен пат Ѓоковиќ на тој турнир славеше во 2016 година, а претходно уште пет пати го подигна победничкиот пехар во Мајами, во 2007, 2011, 2012, 2014 и 2015 година.