Ѓоковиќ пред финалето: Подготвен сум 110 отсто

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, најави дека е среќен поради новото финале на Австралија опен, и потенцира дека е подготвен 110 отсто.

Ѓоковиќ во полуфиналето на грен слем турнирот во Мелбурн, го победи Американецот Томи Пол со 3:0 во сетови и ја запиша својата 27.последователна победа на Австралија опен.

„Се чувствувам одлично, и подготвен сум 110 %. Стефанос, се гледаме во финалето. Секако, не можеш да бидеш свеж како на почетокот од турнирот, но вложивме многу во подготвителниот период за да бидеме доволно добри доколку одиграме меч од пет сета“, порачува Ѓоковиќ.

За Новак ова ќе биде 10.финале на Австралија опен, и тој нема доживеано пораз на претходните девет. Финалето против Гркот Стефанос Циципас е закажано за во недела од 9:30 часот.