Ѓоковиќ сепак оди на УС Опен??!

Ерик Адамс, првиот човек на градот донесе одлука – се укинува наредбата според која на невакцинирани спортисти им беше забрането да учествуваат на натпревари во тој град!

Таа одлука е донесена пред се поради играчите на њујоршки тимови во различни спортови, но јасно е дека од сето тоа може да има корист Новак Ѓоковиќ, кој под тие услови би можел да се најде на УС Опен.

Но, од друга страна, оваа одлука не му ја отвори докрај вратата на Новак Ѓоковиќ за учество на турнирот во Њујорк, а причината е што се уште е невозможно да се влезе во САД за лица кои не се вакцинирани.

Од таа причина, првиот рекет во светот ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами, па Дубаи му беше единствениот турнир досега оваа календарска година. Останува да се види како ќе се разреши сагата со УС Опен, но ова секако е добар почеток за српскиот тенисер.