Ѓоковиќ: Се чувствува смената на генерации

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денес дека се чувствува оти дошло до генерациска смена и луѓето почнале да прифаќаат дека Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј повеќе не играат.

„Се чувствува како да се променила цела генерација. Луѓето почнаа да прифаќаат дека Роџер, Рафаел и Енди повеќе не играат, а наскоро ниту јас“, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ утре во рамки на второто коло на АТП турнирот во Мадрид ќе игра против Италијанецот Матеа Арналди, а во шпанската престолнина ќе се обиде да стигне до својата 100-та титула во кариерата.

„Кога си врвен играч, правиш работи надвор од теренот, се обидуваш да придонесеш за популарноста на тенисот, да привлечеш повеќе луѓе, да привлечеш млади деца кон тенисот. Гледам дека тоа се случува, но сепак треба да работиме на тоа поле“, рече Ѓоковиќ.