Ѓоковиќ собори рекорд на Агаси
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, испиша нова историја на Австралија опен. Со победата над Американецот Томи Пол во полуфиналето од турнирот, Ѓоковиќ го забележа својот 27. последователен триумф на првиот Грен слем годинава.
Новак Ѓоковиќ е тенисерот со најдолгата низа на победи во Мелбурн, надминувајќи го рекордот на Андре Агаси кој во периодот од 2000. до 2004.година забележа 26 последователни победи.
Србинот во недела ќе го одигра своето десетто финале на Австралија опен, а досега славеше победа на претходните девет.