Ѓоковиќ со победа го отвори турнирот во Бризбејн
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на стартот од новата сезона го совлада Австралиецот Ринки Хиџиката со 6-3, 6-3 и со победа во првото коло на АТП турнирот 250 во Бризбејн ја почна соработка со неговиот нов тренер Енди Маре
Ѓоковиќ (37) не се соочи со ниту една „брејк“ топка во текот на 75-минутниот дуел, а со еден одземен сервис во првиот и два во вториот сет оствари убедлива победа.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде уште еден ветеран, 38-годишниот Французин Гаел Монфис, кој го победи 19-годишниот Американец Нишеш Басавареди со 6-4, 4-6, 6-1.
Тоа ќе биде нивен 20 меѓусебен дуел на АТП турнирите, а прв по Мастерсот во Синсинати во 2023 година. Ѓоковиќ победи на сите 19 претходните натпревари.