Ѓоковиќ сруши уште еден голем рекорд
Новак Ѓоковиќ стана тенисерот со најдобар учинок на победи во Опен ерата на тенисот.
Српскиот тенисер со три победи на Вимблдон стигна до 83.17 отсто победи во кариерата. Со тоа, од тронот го симна шпанскиот тенисер и свој најголем ривал, Рафаел Надал кој има 83.15 отсто победи.
Ѓоковиќ во кариерата одиграл 1159 натпревари и славел во 964, а загуби 195. Надал има 1027 победи и 208 порази.
На трето место е Бјорн Борг со 82.36 отсто победи, а Роџер Федерер, кој за многумина важи за најдобриот тенисер на сите времиња, е четврти со 82.02 отсто победи во кариерата.
Ѓоковиќ на овогодинешниот Вимблдон стана и првиот тенисер кој запишал најмалку 75 победи на секој Гренд слем.