Ѓоковиќ: Ќе биде многу тешко да го освојам златото во Токио
„Знам дека сите очекуваат да освојам златен медал во Токио“, изјави српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, пред отворањето на Игрите во Јапонија. Првиот светски рекет на АТП листата го очекува меч со Уго Далијан од Боливија (139 АТП).
„Одам ден по ден, фокусиран сум на новиот ривал. Не знам многу за него, но, кога имаш противник послабо рангиран од тебе, тогаш тој нема што да загуби“, вели Ѓоковиќ.
Тенисерот од Србија кој по четврти пат ќе биде дел од Олимписките игри, има освоено бронза во Пекинг во 2008 година.