Ѓоковиќ: Ќе играм како да ми е последен меч во кариерата
Новак Ѓоковиќ го очекува најважниот натпревар во неговата кариера. Во финалето н УС Опне против вториот тенисер на светот, Данил Медведев ќе игра за рекордна 21. гренд слем титула, но и за календарски Гренд слем, освојување на сите четири најголеми турнири во истата година.
„Благодарам на публиката, ова беше најдобрата атмосфера од почетокот на турнирот. Ова се моменти за кои живееме и за кои сонуваме. Ова беше посебно.“ – рече Ѓоковиќ по полуфиналето против Зверев.
„Александер е голем шампион и еден од моите најдобри пријатели. Знаев дека ова ќе биде голема битка, ви подаривме шоу какво заслужувате. Тенисот е убав спорт во кој морате да ги дадете и главата и телото за да освојувате турнири.“
Против Медведев има пет победи во осум натпревари, вклучувајќи го и триумфот во финалето на Австралија Опен годинава.
„Остана еден натпревар. Се е тука. Ќе ги дадам срцето, телото и главата… се ќе дадам. Ќе играм како тој натпревар да е последен во мојата кариера.“