Ѓоковиќ ќе изгуби 40 милиони евра со неиграњето во Мелбурн

Депортирањето на Новак Ѓоковиќ од Австралија може сериозно да се одрази на бројните спонзорства на најдобриот светски тенисер.

Ѓоковиќ долго време го брендира Лакост, а тоа е неговиот најисплатлив маркетиншки договор, кој неодамна беше обновен. По се што се случи во Мелбурн, компанијата најави дека ќе разговара со српскиот тенисер.

„Што е можно поскоро, ќе го контактираме Новак за да ги разгледаме настаните што го придружуваа неговото присуство во Австралија“, соопштила компанијата „Лакост“, а пренесува Бен Ротенберг.

Лакост му носи на Ѓоковиќ сериозна сума на годишно ниво, а во 2021 година од спонзори инкасирал близу 30 милиони долари, според информациите на Форбс.