Ѓоковиќ ќе спаринува со Кирјос пред Австралија опен

Новак Ѓоковиќ ќе одигра меч со Ник Кирјос пред почетокот на
Австралијан опен, а тоа беше потврдено и од самиот организатор.
Во петок, 13 јануари, тие двајца ќе настапат на „Род Лејвер арената“, а
картата е за влез е 20 австралиски долари, додека цел приход ќе биде
дониран во хуманитарни цели. Ѓоковиќ и Кирјос ќе го одиграат
првиот меѓусебен дуел по големото финале на Вимблдон, кога
Србинот освои уште една гренслем-титула.
Србинот ја брка 10-та титула на Австралијан опен, а притоа го закажа
и првиот тренинг во Мелбурн против Данил Медведев кој го совлада
пред неколку дена во Аделаида.