Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на УС опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите на УС опен. Поуспешна од неа денеска во првото коло беше Јапонката Маи Хонтама, кој за 106 минути стигна до победа од 2-0 во сетови (7-6/1, 6-3).
Во првиот сет двете тенисери имаа по три брејк гема, а Јапонката Хонтама беше во постојано водство. По 2-0 и 4-1 во гемови за јапонската тенисерка Ѓорческа успеа да изедначи на 5-5, но во тај-брејкот противничката поведе со 6-0 во поени и беше доволно за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет повторно 2-0 во гемови Хонтама поведе со 2-0, а Ѓорческа изедначи на 3-0, но потоа Јапонката направи два брејка и сетот го доби со 6-3.
Ѓорческа имаше дури 33 неизнудени грешки, а Хонтама 15 и проблемите со сервисот донесоа дури 12 двојни грешки.
За пласманот во квалификациите Ѓорческа освои 2 поена и 32.000 американски долари.