Ѓорческа дојде на чекор до главниот турнир на Вимблдон

Лина Ѓорческа избори пласман во третото и последно квалификациско коло за Вимблдон и е на само еден чекор до еден од најголемите успеси во кариерата.
Македонката денеска славеше над португалската ривалка Франциска Жорге и тоа со пресврт во меч со три сета.
Првиот сет помина со по два брејка на двете страни, но Португалката направи клучен трет бејк во дванаесеттиот гејм и наместо во тај-брејк, го испрати мечот во втор сет со посакувана предност.
Сепак, тоа не ја разочара премногу Лина, која во вториот сет набрзина направи два брејка, подоцна и трет, па го затвори сетот со убедливи 6:2.
Македонската тенисерка одигра фуриозно и во третиот сет, отвори со два брејка и 3:0, а таа предност дури и ја зголеми и во продолжение, за конечни 6:1 и голем успех на терените на Вимблдон.
Ѓорческа треба да помине уште само една пречка во квалификациите за историски пласман на главниот турнир на Вимблдон, а ќе има уште еден голем предизвик во Италијанката Лучија Бронцети.