Ѓорческа загуби на стартот на турнирот во Палермо

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, доживеа елиминација во првото коло на турнирот во Палермо.

По поразот во првото коло во Рим, Ѓорческа е елиминирана на стартот и во Палермо.

Таа доживеа убедлив пораз од Ерика Андреева со 2-0 во сетови. Ѓорческа освои само два гема и тоа во првиот сет.

Мечот траеше еден час и 23 минути, резултатот беше 6-2 и 6-0.