Ѓорческа и Горгодзе ќе играат полуфинале во Грузија

Нашата тенисерка Лина Ѓорческа заедно со домашната претставничка Екатерине Горгодзе влегоа во полуфиналето во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Лопота, Грузија кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Тие ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со Зозија Кардава (Грузија) и Улаџислава Зверава (Русија) и триумфираа за нешто повеќе од еден час со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3.

Лина и Горгодзе во наредната рунда ќе играат со третите носителки, Рутуја Хосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд).