Ѓорческа со победа го започна Мастерсот во Мадрид

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја мина првата пречка на ВТА 125 турнирот во Мадрид откако денеска ја Јапонката Сара Саито со 2-0 во сетови (6-4 и 6-4) за 90 минути игра.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Русинката Алина Корнеева (осма носителка), која со 2:0 во сетови (6-3 и 6-3) ја победи Шпанката Марија Гарсија.
На стартот од денешниот меч Ѓорческа и Саито загубија по два гема на свој сервис, а потоа македонската тенисерка дојде до предност од 4-3.
Саито намали на 5-4 во гемови, но во следниот гем Ѓорческа по 14 одиграни поени ја искористи четвртата брејк-топка и поведе со 1-0 во сетови.
Во следниот сет до 3-2 за Ѓорческа немаше брејк, а потоа во следните пет гема ниту една тенисерка не успеа да освои гем на свој сервис, а притоа Ѓорческа на свој сервис во деветтиот гем не ја реализираше првата меч топка. Но, во последниот гем на сервис на противничката на сигурен начин дојде до потребниот гем и го доби и вториот сет со 6-4.
Наградниот фонд на турнирот е 100.000 евра.