Ѓорѓи Ѓорѓиев пак ќе игра во турската одбојка

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев следната сезона ќе ја мине во дресот на турскиот суперлигаш Бурса ББСК. Како што потврдија од клубот, тие денеска потпишаа договор со нашиот техничар, кој ќе биде едно од трите странски засилувања за Бурса во новата сезона.

Ѓоргиев минатата сезона го носеше дресот на Камбраи Волеј во Франција, но во вториот дел од сезоната беше дел од турскиот шампионат каде настапуваше за екипата на Хатај Беледиеспор. Бурса минатата сезона во турската елита заврши на шестото место.