Ѕвездата на Вест Хем се одлучи да заигра за Јамајка

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио, реши во наредниот период наместо во репрезентацијата на Англија, да игра за Јамајка. Тој ја објасни одлуката со желбата да заигра на Светското првенство во Катар во 2022 година. Во неколку наврати, Антонио доби покана да игра за „Гордиот Албион“, но никогаш не доби шанса во првиот тим. Интересно е што тој ја одби поканата на Јамајка во 2016 година со образложение дека сака да се бори за место во репрезентацијата на Англија. Сега ќе игра во репрезентацијата на Јамајка со поранешните премиерлигаши Мајкл Хектор и Боби Декордов. Најзвучното име на тимот е секако крилото на Баер Леверкузен, Леон Бејли.