Ѕвездата на Ривер пред потпис со Милан

Милан е во напредни преговори со Ривер Плата за младиот напаѓач, Јулијан Алварез. 21-годишниот напаѓач блесна веќе втора сезона во дресот на Ривер Плата и е на мета на многу европски гиганти.
Скаути на Милан го следеле Алварез во живо на мечот со Сан Лоренцо, а младиот напаѓач постигна хет-трик, па „росонерите“ веднаш започнале преговори со неговиот агент
Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, а Ривер за неговата слобода бара 25 милиони евра.