Ѕвезда на Барса во солзи го напушти Камп Ноу по новиот кикс
Барселона на Камп Ноу ремизираше со Кадиз со резуптат 1:1 во рамки на 24. коло од Примера, а за новиот кикс многу навивачи на Барселона го обвинија дефанзивеот Клемен Ленгле. Французинот во 89. минута направи пенал од кој Фернандез постигна погодок за конечни 1:1, но по натпреварот доби и низа навреди на социјалните мрежи. Тоа не му беше прва грешка сезонава, па се погласно се зборува за тоа дека ќе го загуби местото во стартните 11 на Барселона. Последниот кикс го дочека тешко, па на излезот од стадионот не можеше да ги сокрие солзите. Навивачите на Барселона кои се наоѓаа пред стадионот снимија видео на кое може да се забележи Ленгле како во солзи го напушта Камп Ноу.