Јагуриновски ја напушти Германија и потпиша за Охрид

Македонскиот ракометар Томислав Јагуриновски официјално потпиша договор со ГРК Охрид, враќајќи се во домашното првенство по кратка авантура во Германија.

Тој пристигна од клубот Десау, каде што настапуваше минатата сезона, но поради повреда на грбот реши да се врати во Македонија.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на ГРК Охрид. Ова е град со голема ракометна традиција и вистински македонски бисер. Се надевам дека заедно ќе постигнеме големи работи,“ изјави Јагуриновски по потпишувањето на договорот.

Со овој трансфер, Охрид добива големо засилување на бековската позиција. Јагуриновски во минатото настапуваше за Металург, Вардар, Еурофарм Пелистер и Работник, а беше и дел од македонската репрезентација.

Тренерот Борис Ројевиќ очекува новото засилување да внесе искуство и стабилност во тимот кој оваа сезона има амбиции да се бори за пласман во горниот дел од табелата.