Јакимовски потпиша за Наполи во Серија А

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и следната сезона ќе настапува во италијанското првенство, откако ја прифати понудата на Наполи.
24-годишниот кошаркар се одлучи за Наполи, клуб кој од следната сезона ќе настапува во ФИБА Еврокупот и е предводен од искусниот хрватски стратег Јасмин Репеша.
Јакимовски зад себе има солидна дебитантска сезона во италијанската Серија А каде во просек бележеше 9,3 поени, 4,6 скока и 1,1 асистенција по натпревар.