Јакировиќ заработи отказ, Динамо бара нов тренер
Сергеј Јакировиќ повеќе не е тренер на Динамо Загреб, објавија хрватските медиуми. Тренерот доби отказ поради серијата лоши резултати која започна со ремито во Риека (1:1), а продолжи со поразот од Хајдук на домашен терен (0:1), а кулминираше во Минхен со историскиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите. (9:2).
Динамо Загреб сега е во потрага по нов тренер. Сергеј Јакировиќ беше на клупата на хрватскиот гигант точно 60 натпревари, забележа вкупно 41 победа, со девет нерешени и десет порази. Динамо успешно го водеше до двојната круна, но во последната сезона често пати беше критикуван за недоволно офанзивниот стил на игра и споменатите лоши резултати во домашниот шампионат.
Сега управата на Динамо Загреб треба брзо да реагира затоа што тимот го очекува жесток ритам на првенствени и натпревари од Лигата на шампионите во наредните недели и месеци.
Како кандидати кои би можеле да седнат на клупата на Динамо Загреб се споменуваат имињата на Ненад Бјелица и до неодамна предводникот на Ријека, Жељко Шопиќ, кои во моментов се без ангажман. Се појави и името на поранешниот селектор на Хрватска Нико Ковач, но тешко веројатно дека некогашниот тренер на Баерн Минхен ќе се врати во Загреб.