Јамал добива нов договор и десетка на грбот во Барса

Барселона е во последната фаза од потпишувањето на еден од своите најголеми играчи – Ламин Јамал. Каталонскиот гигант постигна принципиелен договор со 17-годишниот суперталент за нов договор што ќе го задржи на „Камп Ноу“ до 2031 година.
Агентот на младиот играч, влијателниот Жорже Мендеш, беше во Барселона во понеделник, каде што одржа состанок со претседателот Жоан Лапорта. Двајцата се во одлични односи, а според „Мундо Депортиво“, остануваат само неколку ситни детали што треба да се прецизираат.
Фабрицио Романо додава дека клубот првично планирал продолжување до 2030 година, но на крајот рокот ќе биде една година подолг – до летото 2031 година. Договорот ќе стапи на сила откако Јамал ќе наполни 18 години во јули, бидејќи според правилата малолетните играчи не можат да потпишуваат договор за повеќе од три години.
Интересна работа е што Јамал би можел да стане најплатениот играч во клубот. Ова го откри весникот „Спорт“, но од „Камп Ноу“ брзо реагираше – спортскиот директор Деко кој категорично негираше дека младиот играч побарал највисока плата. Во исто време, тој потврди дека Пари Сен Жермен покажал сериозен интерес за него минатото лето.
Клубот е подготвен да му го даде легендарниот дрес со број 10, веднаш откако Ансу Фати ќе замине во Монако.