Јана Атанасовска остана без пласман во слалом

Нашата скијачка, Јана Атанасовска, не успеа да ја финишира денешната слаломска трка на ЗОИ во Милано -Кортина.
Таа уште во првото возење направи техничка грешка и мораше предвреме да го заврши настапот. Атанасовска и на претходната трка во велеслом ја доживеа истата судбина.
Македонија до крајот на Игрите ќе нема претставници откако Ннордијците во крос-кантри Ставре Јада и Ана Цветановска како и алпскиот скијач, Виктор Петков, ги завршија предвидените настапи.