Јане Андерсон спремен да го повика Ибра во шведската репрезентација
Селекторот на Шведска, Јане Андерсон во среда ќе го објави составот на Шведска за претстојните натпревари против Белгија и Азербејџан во квалификациите за Европското првенство, а тоа може да биде и со враќање на Ибрахимовиќ во тимот, шпекулираат скандинавските медиуми.
Андерсон и претходно изјави дека вратата во националниот тим за шведската ѕвезда е отворена.
„Треба да почекате до среда за да видите дали е со нас или не. Но, претходно кажав дека ако Златан е без повреди и е подготвен, тогаш може да даде многу, дури и ако не стартува на натпреварите“, вели шведскиот стратег.
41-годишниот Златан Ибрахимовиќ последен пат беше во националниот тим во март 2022 година.