Јанис Сферопулос сменет, Црвена Звезда ќе добие нов тренер

Црвена Ѕвезда и грчкиот стратег Јанис Сферопулос се разделија по заедничка одлука на двете страни, соопшти клубот преку официјално соопштение.

Одлуката е донесена по состанокот на претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ, генералниот спортски менаџер Милан Томиќ, менаџментот и досегашниот тренер Сферопулос, а како што се наведува, таа е направена во најдобар интерес на клубот во овој момент.

Сферопулос го презеде водството на “црвено-белите” на 21 октомври 2023 година и во текот на две години на клупата освои вкупно четири трофеи – титулата во АБА лигата, две Куп натпреварувања “Радивоје Кораќ” и првенството на Србија. Под негово водство, тимот минатата сезона стигна и до плеј-ин фазата на Евролигата.

Црвена Ѕвезда се заблагодари и на неговиот помошник, Василис Гераготелис, за ангажманот и придонесот во работата на клубот во изминатиот период.