Јан Зомер од Баерн се сели во Интер
Интер решил да ја активира откупната клаузула на Јан Зомер откако не успеа да го натера Баерн Минхен да го продаде голманот со пониска цена.
„Нероаѕурите“ летово останаа без Андре Онана кој замина во Манчестер Јунајтед и Самир Хандановиќ кој го одработи договорот и го напушти стадионот – „Џузепе Меаца“.
Затоа, италијанците решиле да ја активираат клаузулата на Јан Зомер вредна шест милиони евра.