Јан Облак го израмни рекордот на Диего Годин
Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак беше во стартниот состав на својата екипа на натпреварот од Ла Лига против Бетис.
Словенечкиот голман го одигра својот 389. натпревар за тимот, земајќи ги предвид сите турнири на кои учествуваше Атлетико со Облак на голот. Така, Јан Облак го израмни клупскиот рекорд по бројот на настапи на странски играчи за клубот, кој претходно го држеше дефанзивецот Диего Годин.
Во следното коло од Ла Лига, Атлетико Мадрид ќе игра против Рајо Ваљекано и секако Облак ќе има можност да се искачи на врвот на оваа ранглиста пред Годин. Екипата на Атлетико Мадрид го зазема третото место на табелата во шампионатот на Шпанија.