Јапонецот Асано си замина од Партизан
Репрезентативецот на Јапанија, Асано избега од Партизан откако еднострано го раскина договорот и објави на социјалните мрежи. Асано е незадоволен што редовно не добивал плата и таа што ја добивал не била во цел износ и затоа се решил да стави крај на неговото време во Партизан и среќата да ја побара на друго место. „Јас, Такума Асано го раскинав договорот со Партизан. После мачењето некое време донесов тешка одлука. Мислам дека клубот не ме почитуваше доволно. Некое време не ми ја иплаќаше платата на време, а таа што ја добивав не беше во полн износ. И денес има долг кон мене кој не е подмирен. Тешко ми е што заминувам во вакви околности затоа што Партизан е клуб во кој поминав важен дел од животот“, стои во дел објавата на Асано.