Јапонецот Ендо потпиша за Ливерпул
Jaпонскиот репрезентативец, Ватару Ендо е нов фудбалер на Ливерпул.
Ендо во редовите на клубот од „Енфилд“ пристигнува од Штутгарт, а Ливерпул за неговите услуги плати сума од 18 милиони евра, додека Јапонецот потпиша договор до летото 2027 година.
„Едвај чекам да играм на „Енфилд“ пред навивачите на Ливерпул. Слушнавв се најдобро за овој стадион и ќе биде првпат да играм на истиот. Играм во средината со тоа што повеќе сум ориентиран на одбраната. Мислам дека можам да му помогнам на клубот. Едвај чекам да се придружам“, изјави Ендо.