Јапонецот Ито пред потпис со Баерн
По единаесет години доминација во изминатата сезона Баерн Минхен не успеа да ја освои титулата во Бундеслигата, па затоа во текото на летото ќе се обиде доведе нови засилувања.
Џонатан Тах од Леверкузен е скоро договорен, но сега баварците го комплетирале и трансферот на Хироки Ито. Станува збор за уште еден играч од Бундеслигата кој го носеше дресот на Штутгарт. Очигледно Винсент Компани нема доверба во актуелните дефанзивци на Баерн и ќе направи промени во последната линија.
Трансферот на Ито во Баерн со своето познато „Here we go“ го најави Фабрицио Романо, најпознатиот новинар кога се трансферите во прашање.
Откако Ито се договорил со Баерн Штутгарт и немаше многу опции бидејќи гигантот од Минхен ја платил откупната клазула во неговиот договор во износ од 30 милиони евра. Сега остануваат само уште лекарските прегледи пред се да биде официјализирано.