Јапонецот Камада бесплатно се сели во Кристал Палас
Репрезентативецот на Јапонија, Даики Камада од денес и официјално е нов фудбалер на премиерлигашот Кристал Палас со кој потпиша договор на две години.
Фудбалерот за врска пристигнува од Лацио и тоа на инсистирање на Оливер Гласнер кој во минатото одлично соработуваше со него во Ајнтрахт во сезоната кога германскиот тим ја освои Лигата на Европа.